Утрински Весник
Македонија

МТСП: Згрижувањето и воспитанието на децата во градинките е на прво место и во услови на штрајк

МТСП: Згрижувањето и воспитанието на децата во градинките е на прво место и во услови на штрајк

Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека од вкупно 75 Јавни установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, во 25 предучилишни установи за деца денес воопшто не се штрајкува. Додека пак, во 50 предучилишни установи штрајкуваат само дел од вработените, односно, во штрајк се околу 45 проценти од вкупниот број на вработени од установите каде што се штрајкува.

Согласно податоците на министерството кои се ажурираат на дневна основа, се бележи пораст од 30 проценти на згрижени деца во градинките за разлика од вчерашниот ден.

Министерството за труд и социјална политика, известува и дека до инспекциската служба досега не е пристигната никаква поплака од страна на штрајкувачките одбори за попречувањето во одвивање на штрајкот во предучилишните установи.

Владата и Министерството за труд и социјална политика остануваат на ставот дека социјалниот дијалог мора да продолжи се до изнаоѓање на заедничко соодветно решение, ставајќи ги интересите на децата на прво место, со цел да не се наруши згрижувачко – воспитниот процес.

Можете да прочитате

Нестабилно со дожд и грмежи, следните три дена пораст на дневната температура

Лазим Дестани: Во спортот нема простор за говор на омраза

„BioCosmos”: Фабриката „Мирана” не е зафатена, пожарот настанал од гром