Утрински Весник
Спорт

Бруклин се пласираа во плејофот – Ирвинг им пресуди на Кливленд Кавалирс

Бруклин се пласираа во плејофот – Ирвинг им пресуди на Кливленд Кавалирс

Кошаркрите на Бруклин Нетс изборија место во плејофот во НБА лигата. Бруклин, изминатата ноќ славеа победа над Кливленд Кавалирс 115:108. Бруклин, во првата плејоф рунда ќе играат против Бостон Селтикс.

Бруклин до победата над Кливленд ги предводеше Кајри Ирвинг со 34 поени, 13 асистенции и три скока. Ирвинг промаши само три шута од поле (9/9 за два, 3/6 за три, 7/7 слободни фрлања).

Кај Бруклин уште се истакнаа Кевин Дурент со 25 поени и 11 асистенции, Брус Браун ос 18 поени и Андре Драмонд со 16 поени.

Ист број на поени како Ирвинг кај Кливленд постигна Даријус Гарланд, ветеранот Кевин Лав забележа 14 поени и 13 скока.



> Бруклин се пласираа во плејофот – Ирвинг им пресуди на Кливленд Кавалирс <

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk