Утрински Весник
Свет

Француските форензичари ја истражуваат смртта на цивилите во Буча

Француските форензичари ја истражуваат смртта на цивилите во Буча

Тим од француски форензичари пристигна во Буча во близина на Киев со задача да им помогнат на украинските власти да утврдат што се случило во тој град каде што беа пронајдени стотици цивилни тела по повлекувањето на руските сили.

Украинските власти тврдат дека овие луѓе биле убиени од руските сили за време на окупацијата на таа област, но Ројтерс не може да го потврди точниот број на тела пронајдени во Буча, ниту околностите на нивната смрт.

Откривањето на толку многу цивили убиени во Буча по повлекувањето на Русија предизвика глобален гнев, но Москва ја отфрли одговорноста за убиствата на цивили како лажна вест и ги отфрли наводите дека руските војници извршиле воени злосторства.

Додека група од одделот за форензика на француската жандармерија ја набљудуваше локацијата, работниците во заштитни одела ја ископуваа земјата, пишуваат медиумите.

Државната обвинителка Ирина Венедиктова, потврди дека во следните неколку недели француските експерти за судска медицина ќе им помогаат на украинските власти да утврдат што навистина се случило со луѓето во Буча.

Можете да прочитате

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет

Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина