Утрински Весник
Свет

(Видео) Руски воени камиони се движат кон Финска?

(Видео) Руски воени камиони се движат кон Финска?

Непознат автор снимил видео од Ленинградската област, на која наводно се гледаат руски воени камиони кои одат на автопатот кон Хелсинки.

Според видеото објавено на Твитер, руската армија го транспортира мобилниот одбранбен ракетен систем K-300P Бастион-P.

Се уште не се потврдени информациите дека камионите се движат кон финската граница.

Од друга страна, тензиите меѓу Финска и Русија, но и Шведска беа подигнати на највисоко ниво откако двете, досега воено неутрални земји, најавија дека ќе го започнат процесот за влез во НАТО.

Можете да прочитате

Могерини ослободена по притворот во истрагата за измама

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа