Утрински Весник
Свет

Нехамер не е оптимист дека на повидок е дипломатско решение за војната во Украина

Нехамер не е оптимист дека на повидок е дипломатско решение за војната во Украина

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека по средбата со Владимир Путин „не е оптимист“ оти на повидок е дипломатско решение за војната во Украина, бидејќи, како што наведе, рускиот претседател е заробен од сопствената логика за природата.

Нехамер, канцелар од редовите на Австриската народна партија, вчера се сретнал со Путин во Ново-Огарјово и нивниот разговор траел 75 минути. Тој е првиот лидер од Европската унија кој се сретна со рускиот претседател лице в лице од почетокот на инвазијата на Украина.

Нехамер нагласи дека за време на разговорот со Путин, кој го оцени како „директен, отворен и тежок“, на рускиот претседател му рекол дека ЕУ ќе ги зајакне санкциите се додека има нови жртви во војната, а се осврна и на неговите впечатоци од Буча.

Путин ги отфрли наводите за Буча, тврдејќи дека нападите биле „под лажно знаме“ во режија на украинската страна. „Путин во голема мера достигна ментална структура чија логика ја одредува војната и тој постапува соодветно“, изјави Нехамер за австриските медиуми. Сепак, како што додаде, рускиот претседател се уште одбива да го користи зборот „војна“.

Можете да прочитате

Германија ќе уплати 100 милиони евра за поддршка на Украина

Австрија има најмногу туристи во светот

Макрон, Мерц и Зеленски се сомневаат дека Америка ќе ги предаде