Утрински Весник
Македонија

Надлежните тврдат дека нема проблем со згрижувањето во градинките, една третина од воспитувачите не штрајкувале

Надлежните тврдат дека нема проблем со згрижувањето во градинките, една третина од воспитувачите не штрајкувале

Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека од вкупно 75 Јавни установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, во 25 предучилишни установи за деца денес воопшто не се штрајкува. Додека пак, во 50 предучилишни установи штрајкуваат само дел од вработените.

„Овие податоци укажуваат дека една третина од вкупно вработените во предучилишните установи не го поддржуваат штрајкот организиран од СОНК, што претставува пораст од четири установи за разлика од вчерашниот ден“, велат од Министерството.

Се додава дека согласно податоците на министерството кои се ажурираат на дневна основа, се бележи тенденција на пораст на згрижени деца во градинките во текот на денешниот ден. Ваквата состојба, велат од МТСП, се должи на фактот што згрижувањето и воспитанието на децата течеше непречено вчерашниот ден, со исклучок на една Јавна установа и намален капацитет на згрижување на деца во мал број на предучилишни установи.

Исто така, се бележи и благ пад на учесници (вработени и поддржувачи) на штрајкот во предучилишните установи.

„Социјалниот договор продолжува, Владата и Министерството за труд и социјална политика остануваат отворени за изнаоѓање на заедничко најодржливо решение за сите чинители во процесот, а пред се во интерес на заштитата на децата“, велат од Министерството.

Можете да прочитате

Израел ќе учествува на Евровизија 2026

Како всушност функционира системот „Безбеден град“, што ќе се казнува и како ќе се казнуваат странски државјани

Мицкоски: Годинава првпат петтоцифрена бројка на номинален БДП по глава на жител од 10.500 долари