Утрински Весник
Свет
Img 7972

Рускиот амбасадор во Загреб: Протерувањето на нашите дипломати е сериозен удар за билатералните односи

Рускиот амбасадор во Загреб: Протерувањето на нашите дипломати е сериозен удар за билатералните односи
Img 7972

На протераните руски дипломати им е даден рок до 25 април да ја напуштат Хрватска, изјави рускиот амбасадор во Загреб, Андреј Нестеренко.

„ Им беше даден рок до 25 април да ја напуштат земјата. Тоа е сериозен удар за нашите билатерални односи бидејќи протераните дипломати беа вистинските луѓе“, рече Нестеренко, цитиран од ТАСС.

Хрватска вчера објави дека ќе протера 18 руски дипломати и шестмина членови на административно-техничкиот персонал. На тој начин Хрватска им се приклучи на голем број европски земји кои го направија истото поради бруталната руска агресија врз Украина, соопшти МНР.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захаров вчера за ТАСС изјави дека „Русија соодветно ќе одговори“.

Од ова може да се заклучи дека руската страна подготвува реципрочна мерка.

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас