Утрински Весник
Свет

Проруските сепаратисти тврдат: Не сме користеле хемиско оружје

Проруските сепаратисти тврдат: Не сме користеле хемиско оружје

Проруските сепаратистички сили во регионот на Донецк негираа дека користеле хемиско оружје во јужниот пристаништен град Мариупол, објави руската новинска агенција „Интерфакс“.

Едуард Башурин, командант на сепаратистите, изјави дека хемиски агенси не биле користени и покрај тврдењата од Украина дека руските сили извршиле хемиски напад.

Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар, претходно изјави дека Киев ги проверува информациите оти Русија можеби користела хемиско оружје во нападот на Мариупол.

 

Можете да прочитате

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години