Утрински Весник
Свет

Велика Британија проверува дали руската војска користела хемиско оружје во Мариупол

Велика Британија проверува дали руската војска користела хемиско оружје во Мариупол

Велика Британија се обидува да изврши проверка на извештаите според кои руската војска во напад врз украински град Мариупол, наводно употребила хемиско оружје.

Британскиот министер на вооружените сили, Џејмс Хепи рече дека „сите опции се на маса“ по извештаите за руска употреба на хемиско оружје во Мариупол.

Во изјава за „Скај њуз“, тој истакна дека британската влада сè уште не може да ги потврди извештаите, но ако тие се покажат како вистинити, „претседателот Путин треба да знае дека сите можни опции се на маса во однос на одговорот на Западот“.

„Важно е да се каже дека постојат голем број начини на кои може да се користи таквото оружје: од солзавец, кој се користи за контрола на толпата, до целосно смртоносни системи за хемиско оружје“, рече тој.

„Мислам дека е важно да се каже дека некои работи се неприфатливи, а употребата на хемиско оружје заслужува одговор“, рече Хепи.

Русија ги негира обвинувањата за користење на хемиско оружје.

Можете да прочитате

Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран