Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да поднесе оставка, снимката од убиството на Тот е доказ дека МВР го прикривала случајот

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да поднесе оставка, снимката од убиството на Тот е доказ дека МВР го прикривала случајот

Спасовски да поднесе оставка, снимката од убиството на Тот е доказ дека МВР го прикривала случајот. Спасовски е директно одговорен зошто четири дена МВР не излегува со јасна слика за убиството на ракометарот Тот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека од снимките кои беа објавени во медиумите јасно се гледа дека станува збор за убиство, и дека Тот е тепан од страна на 3 лица, а сведоци на настанот се 10-тина луѓе.

Четири дена Спасовски се обидува да го прикрие настанот, и да ја убеди јавноста дека не станува збор за убиство, туку за несреќен случај.

Од снимките јасно се гледа што се случувало, и што е причина за смртта на ракометарот Тот. За настанот гледаме дека имало и 10-тина сведоци и снимки од камери, сето тоа и било познато на МВР. Останува нејасно, зошто тоа не беше кажано веднаш по немилиот настан, туку институциите се впуштија во прикривање на настанот?

Одговорност мора да има. Спасовски оставка веднаш, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај

Мицкоски за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства