Утрински Весник
Македонија

Кривична за директор на средно училиште кој не одел на работа

Кривична за директор на средно училиште кој не одел на работа

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Н.Б.(45) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

„Тој, во својство на директор на Општинско средно училиште во Кичево, во повеќе наврати ја кршел работната дисциплина со неоправдано отсуство од работа по три последователни работни дена и се стекнал со вкупна противправна имотна корист од 1.694.379 денари“, велат од МВР.

Директорот и на неколку професори од школото им овозможил да се стекнат со вкупна противправна имотна корист од 3.673.532 денари, се додава во информацијата од полицијата.

Можете да прочитате

Муцунски им честиташе на граѓаните на Србија за изборите, ѝ посака успех на Студентската листа

За три дена евидентирани 2720 сообраќајни прекршоци

Уништени 470 килограми ќебапи, плескавици и внатрешни органи пронајдени во нерегистрирана комора во Општина Василево