Утрински Весник
Свет

Грчкиот министер за надворешни работи: Доколку ЕУ не реагира, ризикува Западен Балкан да стане сцена на голема криза

Грчкиот министер за надворешни работи: Доколку ЕУ не реагира, ризикува Западен Балкан да стане сцена на голема криза

Доколку Европската Унија не реагира веднаш, ризикуваме Западен Балкан да стане сцена на голема криза, со која се соочуваме во Украина, изјави грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас, јавуваат агенциите.

Дендијас ја даде изјавата пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, на кој, покрај ситуацијата во Украина, треба да се разговара и за потенцијалните последици од војната во Украина и на Западен Балкан.

„Повторно ќе зборуваме за Украина. Ќе ги информирам моите колеги за мојата неодамнешна посета на Одеса, како и за напорите на Грција да пренесе хуманитарна помош не само во Одеса туку и во Мариупол. Но, ќе зборуваме и за Западен Балкан и Либија. И ќе ги замолам колегите да побрзаат со ова зашто, доколку ЕУ и сега не реагира, ризикуваме ова да стане сцена на голема криза, со која се соочуваме во Украина“, истакна тој.

На крајот, рече дека кризата се однесува на основните вредности: демократија, територијален интегритет, човекови права, владеење на правото и дека е неопходно да се заземе јасен став на сите фронтови.

Можете да прочитате

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп