Утрински Весник
Свет

Уништен е аеродромот во украинскиот град Днeпар

Уништен е аеродромот во украинскиот град Днeпар

Уништен е аеродромот во градот Днепар, во централна Украина, соопшти регионалниот гувернер.

Во својата објава на Телеграм, гувернерот на регионот Дњепропетровск, Валентин Резниченко, потврди дека аеродромот и околната инфраструктура биле погодени од ракетни проектили, пренесе Би-Би-Си.

Градот Днепар стана логистички центар за снабдување и медицинска нега, а низ него се премостени источна и западна Украина, благодарение на повеќекратните сообраќајни врски преку реката Днепар, што го прави потенцијална цел на руските сили кои го пренасочуваат вниманието кон источна Украина.

Можете да прочитате

Рубио: Многу сме разочарани од НАТО

Американската армија на Блискиот Исток е во зголемена подготвеност

По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево