Утрински Весник
Свет

Финска и Шведска влегуваат во НАТО

Финска и Шведска влегуваат во НАТО

Финска и Шведска планираат да влезат во НАТО на лето, пишува лондонски Тајмс, повикувајќи се на американски извори.

Доколку се остварат овие планови, Финска ќе стане земја со најдолга (1340 километри) заедничка граница со Русија меѓу членките на НАТО. И Финска и Шведска имаат долги брегови и бројни острови во Балтичкото Море.

Шведска не се приклучи на ниту еден воен сојуз повеќе од 200 години, а Финска строго ја почитуваше неутралноста кон СССР за време на Студената војна, но јавното мислење во двете земји нагло се префрли кон пристапување во НАТО.

И шведскиот весник Афтонбладет минатата недела напиша дека апликацијата на Шведска за членство во НАТО може да биде одобрена до средината на јуни.

Според весникот, Финска и Шведска очекуваат истовремено да влезат во НАТО и тесно да ги координираат своите акции.

Можете да прочитате

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван