Утрински Весник
Свет

(Видео) Присилна мобилизација во Луганск, армијата брка луѓе по улица

(Видео) Присилна мобилизација во Луганск, армијата брка луѓе по улица

Видео кое почна да кружи на социјалните мрежи, наводно, го покажува бегството на граѓаните во Луганск, отцепениот регион на Украина, од присилната мобилизација.

Како што објави Некста, присилната мобилизација продолжува во Луганск, каде луѓето се фатени на улица.

– На видеото се гледа како човек бега од армијата на таканаречената Луганска народна република – се наведува на Твитер профилот на овој медиум.

Потсетуваме, лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров денеска изјави дека ќе има офанзива на руската армија не само врз опколениот град Мариупол, туку и врз Киев и други украински градови.

Кадиров рече дека прво ќе ги ослободи Луганск и Доњецк, а потоа ќе го окупира Киев и другите украински градови.

Руската инвазија на Украина започна на 24 февруари годинава.

Можете да прочитате

Орбан: Украинците ја загубија војната, Русија победи, единственото прашање е кога Западот ќе го признае тоа

Си-Ен-Ен: Трамп и Путин ќе се сретнат во воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон во Енкориџ

Ужас во Австралија: Убиена е трудница со потекло од Балканот, партнерот е обезглавен и главата му е набиена на колец