Утрински Весник
Магазин

Леникс: Вил Смит треба веднаш да го врати својот „Оскар“

Леникс: Вил Смит треба веднаш да го врати својот „Оскар“

Актерот Хари Леникс жестоко реагира на одлуката на Академијата за филмска уметност во врска со оскаровската шлаканца и смета дека изречената дисциплинска мерка е преблага.

„Одлуката на Академијата да му забрани на Вил Смит да присуствува на оскаровските церемонии следните 10 години како дисциплинска мерка за шлаканицата што му ја удри на Крис Рок е нешто повеќе од продолжен тајмаут за насилник на игралиште, пишува актерот Хари Леникс во колумна за „Вараети“.

“Тоа е казна без заби што ја разоткрива плиткоста на холивудскиот морал.“

„Во овој момент, единствената личност која може да го откупи интегритетот на ‘Оскарите’ е самиот Смит. Тој треба да се справи со тежината на она што го направи: удирајќи му шлаканица на Рок во живо на сцената на ‘Оскарите’ пред милиони гледачи. Смит треба експресно да го испрати својот златен трофеј назад до Академијата и јавно да каже нешто како: „Од почит кон 94. години почести вложени во оваа награда, не се чувствувам со добра совест достоен да бидам нејзин чувар.”

„Од многуте вознемирувачки работи кажани по шамарот, најмачно ми беше кога го спомна влијанието на некаква виша сила, во својот надреален говор откако доби „Оскар“ за најдобар актер, помалку од еден час по чинот на насилство – и подеднакво шокантната одлука на Академијата да не го исфрли од церемонијата.“

„Во своето не баш разбирливо обраќање, Смит го спомна Бог со сосема нејасна конотација. Овој обид да ја објасни неговата постапка ја надополни травестијата на оваа етичка катастрофа. Со зборовите дека ја прифаќа волјата Божја, тој одрече лична одговорност за она што го направи.“

„Бруталноста на Смит ѝ го одзеде престижот на целата свеченост. Ова се докажа кога запрепастените присутни во салата му упатија овации на некој кој штотуку извршил напад пред нивните очи,“ наведува актерот од „Лига на правдата“и член на Академијата во колумна за „Вараети“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста