Утрински Весник
Свет
Img 7972

Силуанов: Ако Западот ја ограничи Русија да го плати долгот, ќе преземе правни мерки

Силуанов: Ако Западот ја ограничи Русија да го плати долгот, ќе преземе правни мерки
300x250 opst2

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов денеска изјави дека Русија ќе преземе правни мерки доколку Западот се обиде да ја ограничи во напорите за отплата на надворешниот долг. Тоа го изјави за прокремљскиот весник „Известија“.

– Секако дека ќе тужиме, бидејќи ги презедовме сите неопходни чекори инвеститорите да ги добијат исплатите – рече Силуанов.

Тој нагласи дека Русија ќе го претстави својот случај на суд. Гледа како ќе ги потврди напорите за плаќање на долгот во девизи, но и во рубли.

Тој вели дека ова нема да биде лесен процес, но дека Русија ќе продолжи активно да ги докажува своите права за повеќевалутни плаќања и покрај сите тешкотии.

Тој додаде дека девизните сметки на Русија се блокирани и дека не се извршени плаќања кои биле наменети за пресметка на исплатите на сопствениците на обврзници. Инаку, Русија се соочува со првиот случај на неплаќање странски обврски по повеќе од еден век.

– И во такви услови достасаните долгови ги исплативме во рубљи кон сопствениците на еврообврзници кои се руски резиденти – посочи министерот Силуанов.

На почетокот на оваа недела, таа направи договори за отплата на меѓународните обврзници во рубли, иако исплатата требаше да се доспее во американски долари.

Сето ова придонесува Русија да не може да ги плати долговите.

На финансискиот пазар Русија се соочува со проблеми со трансакциите и плаќањата на странските добавувачи, како и со плаќањата на пазарот на обврзници поради санкциите што и ги воведе Западот по инвазијата на Украина.

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија