Утрински Весник
Спорт

Леклер со рутинска победа во Мелбурн, предвремен крај за Ферстапен

Леклер со рутинска победа во Мелбурн, предвремен крај за Ферстапен

Шарл Леклер ја забележа својата втора победа во првите три трки од новата Формула 1 сезона, доминирајќи на Австралиското ГП во Мелбурн за победа пред Серхио Перез во Ред бул и Џорџ Расел во Мерцедес, откако не видовме битка со светскиот шампион, Макс Ферстапен во Ред бул, кому му откажа моторот за одбраната на светската титула да му тргне навистина лошо.

Луис Хамилтон заврши на четвртото место пред двојката на Мекларен, Лендо Норис и Даниел Рикардо, а во поени беа и Естебан Окон (Алпине), Валтери Ботас (Алфа Ромео), Пјер Гасли (Алф Таури) и Александер Албон (Вилијамс).

Ферари повторно покажаа дека имаат најбрз болид, откако Леклер немаше проблеми на стартот да го остави Ферстапен зад него, по што ги надмина излегувањата на сигурносното возило во неколку прилики на Алберт Парк, за да стане првиот фаворит за светската титула по само три трки, посебно бидејќи неговиот колега Карлос Саинс Јуниор кошмарот во Мелбурн го заврши со откажување, а главниот ривал, Ферстапен откако не успеа да го предизвика возачот од Монако, не ја заврши трката со проблеми со моторот на десет круга пред крајот.

> Леклер со рутинска победа во Мелбурн, предвремен крај за Ферстапен <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина