Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали се крие убиецот на Тот за кој се зборува дека е близок до нарко картел кој го штити МВР?

ВМРО-ДПМНЕ: Дали се крие убиецот на Тот за кој се зборува дека е близок до нарко картел кој го штити МВР?

МВР за два дена го промени ставот за убиството на ракометарот Даниел Тот, од првичното соопштение дека нема траги на насилство до тоа дека е убиен со нанесување на физички смртоносни удари во пределот на главата, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Различните ставови наметнуваат дилема дали МВР сака да сокрие убиство? Како МВР во првичниот извештај утврди дека нема траги на насилство врз младиот ракометар? Зошто дури два дена се даде да избегаат дел од сторителите на грозоморното убиство?“, прашуваат од оваа партија.

„Дали се вистина информациите дека власта на СДСМ и ДУИ кријат лица припадници на еден нарко картел близок до Спасовски?“, е наведено во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Пекевски: 950 евра минимална во Словенија, а храната поевтина од Македонија