Утрински Весник
Македонија

Градинките ќе работат и за време на штрајкот, уверуваат од Министерството за труд

Градинките ќе работат и за време на штрајкот, уверуваат од Министерството за труд

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ја известува јавноста и родителите дека сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност и во деновите на најавениот штрајк.

„Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот и Законот за заштита на децата, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Од таму додаваат дека согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството, но не и за време на штрајк.

„При остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст“, стои во соопштението.

Можете да прочитате

Средба на министерот Муцунски со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе

Јовановски осуден на 12 години затвор по самоубиството на Ивана

ВЛЕН: ДУИ лаже, најевтината понуда ја претставува како корупција