Утрински Весник
Македонија

Османи, Рау и Линде на средба со Кулеба на полско-украинската граница

Османи, Рау и Линде на средба со Кулеба на полско-украинската граница

Тројката претседавачи со ОБСЕ, министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, на Полска, Збигњев Рау, и на Шведска, Ан Линде, ќе отпатуваат на полско-украинската граница, информираа од Министерството за надворешни работи.

Според соопштението, за време на нивниот престој ќе остварат средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, и ќе го посетат прифатниот центар за бегалци во близина на граничниот премин Корчова.

Посетата на трите министри е во насока на поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во согласност со меѓународното право и основните документи на ОБСЕ, како и за заштитата на основните човекови права на украинските граѓани. Како дел од тројката претседавачи на ОБСЕ, ќе се разгледаат можностите за искористување на механизмите и алатките на ОБСЕ за ублажување на последиците од војната.

Можете да прочитате

Снег заврна на Попова Шапка

Двајца малолетници тешко повредени по пад од мотоцикл

Тешко повреден работник од Индија кој работел на автопатот Кичево – Охрид