Утрински Весник
Свет

Европскиот парламент бара итно целосно ембарго на увозот на руска нафта, јаглен и гас

Европскиот парламент бара итно целосно ембарго на увозот на руска нафта, јаглен и гас

Европскиот парламент повика на уште посилни санкции на ЕУ против Русија, вклучително и целосен прекин на увозот на енергенси од таа земја, а да се вклучи и сојузникот на Кремљ, Белорусија.

Во резолуцијата усвоена денеска со 513 гласа за, 22 против и 19 воздржани, европратениците повикаа на дополнителни санкции против Русија, вклучително и итно целосно ембарго за увоз на руска нафта, јаглен, нуклеарно гориво и гас што е можно поскоро, известија од Европскиот парламент.

Ова треба да биде придружено со план за гарантирање на безбедноста на снабдувањето со енергија во ЕУ, како и стратегија за запирање на санкциите доколку Русија преземе чекори за враќање на независноста, суверенитетот и територијален интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и целосно да ги отстрани своите војници од земјата.

Постојните санкции сега мора целосно и ефективно да се применат низ целата ЕУ и меѓународните сојузници на ЕУ како приоритет, велат пратениците.

Тие ги повикаа лидерите на ЕУ да ја исклучат Русија од Г20 и другите мултилатерални организации, како што се УНХРЦ, Интерпол, Светската трговска организација, УНЕСКО и други.

Можете да прочитате

Брод со хуманитарна помош пристигна во Куба

Сијарто признава дека се слушал со Лавров за време на клучни состаноци на ЕУ – тоа е дел од дипломатијата

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас