Утрински Весник
Свет

Поинтензивно ќе ја снабдуваме Украина со оружје, вели германската министерка за надворешни работи

Поинтензивно ќе ја снабдуваме Украина со оружје, вели германската министерка за надворешни работи

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Баербок, на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО изјави дека алијансата се обидува да ја зголеми својата помош за Киев со различно воено оружје.

„Внимателно следиме со нашите партнери како можеме да ја поддржиме Украина во иднина, поинтензивно и покоординирано бидејќи тие имаат право на самоодбрана и ние ќе го поддржиме тоа право“, рече таа.

На оваа тема се водат разговори и меѓу земјите-членки на Г7, додаде Баербок.

 

Можете да прочитате

Интерпол заплени фалц лекови вредни над 13 милиони евра

Скандал од 100 милиони долари го потресе украинскиот врв, Зеленски нема коментар

Иран: Хормуз мора да остане под наша контрола