Утрински Весник
Свет

Русија: Кина може да види заканите кои доаѓаат од Запад

Русија: Кина може да види заканите кои доаѓаат од Запад

Кина може да види закани кои доаѓаат од Запад, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захаров во програмата „Соловјов во живо“.

„Кина многу добро разбира што се случува. Пекинг ги разбира заканите што доаѓаат кон кинескиот народ од алијансата“, рече таа додавајќи дека обединувањето на Кина и Тајван не е во интерес на САД, пренесе ТАСС.

Захарова потсети на ситуацијата од пред неколку години.

Само пред неколку години Кина беше блиску до тоа обединување, разговорите се водеа на највисоко ниво, партиите заедно ги славеа националните празници, сè беше насочено во заедничка насока.

Сепак, тоа не им се допадна на прекуокеанските „пријатели“ кажа.

Според Захарова, Вашингтон намерно го вооружува Тајван со цел да им даде на САД „причини со кои ќе создаваат постојани проблеми во регионот“.

Портпаролката рече дека САД се стремат да ја зајакнат својата позиција во Азиско-пацифичкиот Регион, создавајќи тензии околу Австралија, давајќи ѝ подморници на нуклеарен погон и создавање трилатерален сојуз (AUCUS).

Можете да прочитате

Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат

Во Украина ќе биде испратена воена опрема вредна милијарди долари, најави Трамп

Британија троши 850 милиони фунти за преселување на Авганистанци по истекување на податоци