Утрински Весник
Магазин

Нова приказна за Бетмен ќе дебитира на „Спотифај“ во мај, на 9 јазици

Нова приказна за Бетмен ќе дебитира на „Спотифај“ во мај, на 9 јазици

Оригинална сторија за Бетмен, алтерегото на Брус Вејн, следниот месец ќе дебитира низ светот како поткаст серија на стриминг-платформата „Спотифај“.

Поткаст-серијалот  започнува во мај со локални адаптации во девет земји, вклучувајќи ги Индија, Бразил и Јапонија, соопшти компанијата во вторникот.

Серијалот го следи филмот за човекот лилјак, кој почна да се прикажува во киносалите во март и заработи речиси 712 милиони долари од продажба на билети на глобално ниво.

Batman Unburied е прв проект развиен преку повеќегодишен договор помеѓу „Спотифај технолоџи СА“ и „Ворнер Брос“ за да ги донесе суперхероите на „Ди-си комикс“ во наративни поткасти.

Шведската компанија „Спотифај“, најголемата стриминг-платформа за музика во светот, го засили својот бизнис со поткасти и сега нуди повеќе од 3,2 милиони наслови на поткасти.

Опишана како психолошки трилер, Batman Unburied  („Бетмен непогребан“) е  оригинална приказна која започнува со тоа што Вејн работи како форензички патолог кој ги испитува жртвите на сериски убиец.

Продукцијата на англиски јазик ќе има глобална премиера на 3 мај, како и локализираните верзии во Бразил, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија и Мексико.

Можете да прочитате

Бесплатни проекции на регионални филмови на Зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот