Утрински Весник
Економија

Во хакерски напад соборена веб-страницата на „Гаспромњефт“

Во хакерски напад соборена веб-страницата на „Гаспромњефт“

Веб-страницата на „Гаспромњефт“, нафтен огранок на рускиот холдинг за гас „Гаспром“, денеска е соборена по очигледен хакерски напад, што се чини дека е најнов напад на веб-страниците на руските државни компании поради воената акција на Москва во Украина, пренесува „Ројтерс“.

На хакираната верзија на веб-страницата накратко се појави изјава за која се тврди дека е од главниот извршен директор на „Гаспром“, Алексеј Милер, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, во која се критикува одлуката на Русија да испрати десетици илјади војници во Украина.

Набргу потоа веб-страницата на „Гаспромњефт“ повеќе не била достапна.

Можете да прочитате

Дурмиши: Целта на потрошувачката кошница е транспарентна и реална слика за трошоците на граѓаните, а не прикажување пониски бројки

Пониска инфлација од европскиот просек, Владата со мерки за ублажување на ценовниот удар

Бензините поевтинуваат за пет денари, цената на дизелот останува иста