Утрински Весник
Спорт

Лејкерси во мечот во кој може да бидат елиминирани ќе бидат без Леброн!

Лејкерси во мечот во кој може да бидат елиминирани ќе бидат без Леброн!

Пред вечерашниот меч против Финикс санс, по кој може да бидат елиминирани од трката за плејофот, Лос Анџелес лејкерс доби уште еден удар кога се потврди дека нивниот најдобар играч, Леброн Џејмс, повторно е повреден.

Лејкерси, кои имаат шест порази едноподруго, заостануваат два меча зад Сан Антонио во трката за последното место во плејофот од Западната конференција и може да бидат елиминирани од плејин-турнирот со пораз од Санси и со победа на Спарси кај Денвер нагетс. Дури и да победат во последните четири меча, Сан Антонио треба да загуби три од последните четири меча за Лејкерси да го добијат 10. место.

Џејмс пропушти два од последните три меча на Лејкерси, а сега повторно ќе биде во аут со повреда на глуждот.

> Лејкерси во мечот во кој може да бидат елиминирани ќе бидат без Леброн! <

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk