Утрински Весник
Свет

Британска министерка: Замрзнавме 350 милијарди долари од воената каса на Путин

Британска министерка: Замрзнавме 350 милијарди долари од воената каса на Путин
Dik 300x250 mk

Британските власти денеска објавија дека замрзнале 350 милијарди долари девизни резерви на рускиот режим од таканаречената воена каса на Владимир Путин.

„Досега нашите санкции ги парализираа оние што ја хранат и финансираат воената машина на Путин. Оваа недела ќе објавиме дека замрзнавме повеќе од 350 милијарди долари од воената каса на Путин“, рече британската министерска за надворешни работи, Лиз Трас, на заедничка прес-конференција со полскиот колега Збигњев Рау.

Тоа е повеќе од 60 отсто од девизните резерви на режимот од 604 милијарди долари, додаде таа.

Трас исто така рече дека ќе побара од партнерите од НАТО и Г7 да воведат нови санкции, особено забрана за пристап на руските бродови до пристаништата, односно, како што рече, удирање по индустриите што ја полнат касата на Путин, како што е златото, и договор за јасен распоред за забрана на увоз на руски нафта, јаглен и гас“.

Можете да прочитате

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари

Најмалку седум загинати при уривање на карго-авион на „ЈупиЕс“ во Кентаки