Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за дополнителна помош од 1.000 денари месечно за ранливите категории

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за дополнителна помош од 1.000 денари месечно за ранливите категории

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска на седницата во Собранието гласаат против потребата од носење на измените на Законот за социјална заштита, информираа од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, коментирајќи дека опозициската партија уште еднаш покажала дека се против интересите на граѓаните ипротив повеќе пари во семејните буџети.

„ВМРО-ДПМНЕ е против финансиска помош на околу 36.000 семејства од ранливите категории. Ништо ново од партијата предводена од Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ се противи на секоја мерка со која се обезбедуваат повеќе пари во буџетите на секое домаќинство, се противи на секоја мерка што значи заштита на животниот стандард на граѓаните“, велат од СДСМ.

Со овие предлог измени се предвидува корисниците на гарантирана минимална помош да добиваат дополнителни 1.000 денари финансиска поддршка за полесно справување со последиците од кризата.

 

Можете да прочитате

Над 1.800 вработени во јавното здравство поднеле судски тужби против своите установи

Полицијата ја уапси сопственичката на крави од Паланка

Национален младински форум „Тука сме за да останеме!”