Утрински Весник
Економија

Бугарија доби официјално барање од Русија

Бугарија доби официјално барање од Русија
Dik 300x250 mk

Бугарија добила официјално писмо од „Гаспром“ во кое бара рускиот гас да се плаќа во рубли, пишува „Новините“.

Како што се наведува, тоа го потврдил и министерот за енергетика на Бугарија Александар Николов. Известувањето е добиено во петокот вечерта, а во него се наведува дека руската компанија очекува во иднина плаќање на гас исклучиво во рубли.

„ Русија сака такво нешто, дискутабилно е од гледна точка дали е тоа легално и во согласност со договорните односи, како и дали е применливо и како би се применувало“, рече Николов.

Сепак, Бугарија го поддржува генералниот став на ЕУ – ќе инсистира на плаќања како и досега, во долари или евра. Бугарскиот договор ја подразбира американската валута.

„ Сигурно ќе го усогласиме нашиот став со ЕУ. Она што се очекува во писмото, ако не се лажам, се однесува на 18 април, тоа е следната исплата“, додаде министерот.

Останува прашањето што ќе биде со снабдувањето со гас доколку не се најде решение со Русија за плаќањето, пишува бугарскиот портал.

Економистите прогнозираат дека цената на гасот нема наскоро да почне да паѓа.

Можете да прочитате

Раст на извозот и на увозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица