Утрински Весник
Свет

Милановиќ: Ни Русија ни Украина не се демократски држави

Милановиќ: Ни Русија ни Украина не се демократски држави

Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ рече дека Русија не е демократска држава, а не е ниту Украина.

Милановиќ порача: Во војна во која не учествувате, тргнете се настрана и почекајте.

„Ниту една од овие земји не е многу демократска. Ни Украина не е демократска. Да беше, ќе почнеше преговори со ЕУ или ќе имаше некаков статус. Што да кажеме, дека Украина е иста со Хрватска или Романија? Не е исто. Русија секако не е демократска држава. За жал, не е ниту Украина. За овој тип на конфликт, доволно е само една држава да е автократска. А друга земја како Украина немаше чадор, немаше заштита. Но, кога земјите се, да речеме, Хрватска и Унгарија, или Австрија или Словенија, нема можност за војна“, рече тој.

„Тангото секогаш бара двајца, војната бара еден“, заклучи Милановиќ.

 

Можете да прочитате

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока