Утрински Весник
Македонија

Облачно време со дожд во попладневните часови

Облачно време со дожд во попладневните часови

Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне од западните кон централните делови ќе се прошири повремен дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната од 8 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во следните денови ќе е променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, а на планините со повремен снег. Ќе се задржи слаб до умерен јужен до југозападен ветер. Температурите ќе бидат во пораст од среда кога ќе е краткотрајно постабилно, а потоа се очекува нова краткотрајна нестабилност.

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди

Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на годината“ за 2025

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана