Утрински Весник
Свет

Шефот на НАТО: Смртта на цивилите во Буча е бруталност каква што не сме виделе во Европа со децении

Шефот на НАТО: Смртта на цивилите во Буча е бруталност каква што не сме виделе во Европа со децении
Dik 300x250 mk

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја нарече неприфатлива смртта на цивили во градот Буча.

Говорејќи за Си-Ен-Ен, тој рече дека овие смртни случаи се бруталност врз цивили, каква што не сме виделе во Европа со децении и дека тоа „ја нагласува важноста дека оваа војна мора да заврши“.

Претходно вчера, украинската војска ја ослободи Буча, откако руската армија се повлече кон Белорусија. Новинарите и војската затекнале лешеви по улиците, од кои дел биле со заврзани раце зад грб. Властите соопштија дека во масовна гробница во Буча биле закопани 57 луѓе.

Можете да прочитате

Силен земјотрес ја стресе Јапонија

Во ФБИ истрага уапсени и НБА играчи и тренери

Трамп го помилува основачот на најголемата светска криптоберза „Бинанс“