Утрински Весник
Свет

Украинската армија ја врати контролата врз „градот на духови“ во близина на Чернобил

Украинската армија ја врати контролата врз „градот на духови“ во близина на Чернобил

Украинските сили ја вратија контролата врз Припјат, град на духови во близина на нуклеарната централа Чернобил, објави во неделата Генералштабот на вооружените сили на Украина.

– Денеска, 3 април, единиците на падобранците на вооружените сили на Украина ја презедоа контролата врз областа на градот Припјат и областа долж државната граница на Украина со Република Белорусија – се наведува на Фејсбук.

Да потсетиме, руските сили ја презедоа контролата врз електраната во Чернобил на почетокот на инвазијата, но оваа недела се повлекоа и официјално ја вратија контролата на локацијата на украинскиот персонал.

Украинската државна енергетска компанија „Енергоатом“ соопшти дека руските војници брзо се повлекле бидејќи страдале од радијациона болест поради копање ровови во контаминирана почва.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа