Утрински Весник
Свет

Избори во Унгарија – Орбан гласал во друштво на сопругата

Избори во Унгарија – Орбан гласал во друштво на сопругата

Унгарскиот премиер утрово во Будимпешта гласал на парламентарните избори заедно со сопругата Анико Левај, јавуваат локалните медиуми.

„Војната и мирот се загрозени на овие избори. Војната е во нашето соседство, меѓу две големи земји и ние мора да останеме надвор од конфликтот“, нагласи лидерот на владејачката партија Фидес.

Орбан изрази уверување дека неговите неистомисленици не ја гледаат сериозноста на ситуацијата и дека можат да преземат чекори кои би можеле да ја вовлечат Унгарија во конфликтот.

Според Националната изборна комисија (НВИ), до 9:00 часот на гласање излегле 10,31 отсто од гласачите.

Најголем одѕив е регистриран во округот Бекеш во југоисточна Унгарија со 11,43 отсто, а најмал на североистокот во округот Саболч-Шатмар-Берег со 9,78 отсто.

Излезноста во Будимпешта била 13,7 отсто.

Можете да прочитате

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци

На британските затвореници им се доставува дрога со дронови

Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина