Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца разбојници, пронајдена дрога

Приведени двајца разбојници, пронајдена дрога
Dik 300x250 mk

Денеска полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги лишиле од слобода Д.Ц (37) од Радовиш и А.Ѓ. (22) од село Ораовица, радовишко, поради соомнение дека околу 05.00 часот на раскрсница од улиците „22-ри Октомври“ и „Коста Сусинов“ во Радовиш од В.Ѓ. (69) присилно одзеле пари.

По извршен преглед, кај А.Ѓ. била пронајдена бела прашкаста материја, а при претрес во дом и други простории кои ги користи А.Ѓ., извршени по Наредба на Основен суд Радовиш, било пронајдено уште едно пакување со бела прашкаста материја и ќесе со марихуана.

Лицата се задржани во Полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи