Утрински Весник
Свет

САД испраќаат опрема за одбрана од хемиски напад во Украина

САД испраќаат опрема за одбрана од хемиски напад во Украина

САД испраќаат лична заштитна опрема во Украина на барање на Киев, земјата да се подготви за секој потенцијален напад со хемиско оружје за време на војната.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на претседателот Џо Бајден потврди за „Политико“ дека „се распоредени опрема и материјали за спасување животи“.

Се смета дека опремата за лична заштита вклучува гас-маски, заштитни одела и други материјали.

Колку опрема планираат да испратат САД сè уште не е јасно, но портпаролот на Советот за национална безбедност на Бајден рече дека „оваа помош не ја загрозува домашната подготвеност на САД“.

Можете да прочитате

Русија прогласи примирје поради воената парада

Зеленски: Русија е во фаза каде што нивната главна парада зависи од нас

Украинците уништија руски ракетен брод