Утрински Весник
Свет

Директорот на Чернобил: Можно е честички од радијација да влегле во белите дробови на руските војници

Директорот на Чернобил: Можно е честички од радијација да влегле во белите дробови на руските војници

Директорот на нуклеарната централа во Чернобил изјави дека е невозможно да се одреди степенот на радијација на кој биле изложени руските војници додека ја окупирале територијата.

Во изјава за руските агенции, државниот оператор на нуклеарните централи на Украина, директорот на Чернобил Валери Сеида рече: „Окупаторите немаат ништо копано на самото место, но густата прашина и радиоактивните честици кои се кревале додека поминувале тенковите можеби имаат навлезено во телата на војниците“.

„Не е јасно што правеле руските војници во таканаречената Црвена шума, контаминирана област и можно е тие да биле изложени на значително зрачење додека копале, се вели во соопштението. „Истовремено, целиот персонал што во тој момент беше во станицата не беше озрачен бидејќи луѓето работеа, иако под голем притисок, редовно“, рече Сеида.

Чернобил, местото на најголемата нуклеарна катастрофа во светот, падна во рацете на руските војници во првата недела од војната во Украина. Енергоатом вчера објави дека руските сили се повлекле од електраната и нејзината територија.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот