Утрински Весник
Свет

Руските служби го лажат Путин и од него кријат многу работи, вели германскиот канцелар

Руските служби го лажат Путин и од него кријат многу работи, вели германскиот канцелар

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази сомневање дека претседателските советници целосно го информираат претседателот Владимир Путин за ситуацијата во Украина.

На германски политички подкаст што ќе биде објавен в недела, Шолц вели дека е убеден оти рускиот претседател не е добро информиран и дека неговите служби кријат многу од него.

„На пример, колку руски војници загинале во оваа војна“, посочува германскиот канцелар.

Слична изјава даде и шефот на британската разузнавачка агенција GCHQ, кој во четвртокот рече дека советниците на Путин се плашат да му ја кажат вистината. Коментари во оваа насока даде и американската влада во четвртокот, повикувајќи се на своите разузнавачки информации.

Сепак, рече Шолц, Кремљ треба да биде свесен за размерите на неговата погрешна проценка за Украина. Путин почувствува дека е измамен од руската војска, рече Шолц, што, како што вели, предизвикало тензии меѓу лидерот на Кремљ и военото раководство.

Шолц смета дека Русија не може да излезе како победник од оваа ситуација, без разлика како ќе заврши конфликтот.

„Оваа војна ја уништува не само Украина, туку и иднината на Русија“, рече тој, додавајќи дека без мирно решение, Русија нема да може да се врати ниту на умерен економски раст.

Можете да прочитате

Моди и Путин го потврдија посебниот однос помеѓу Индија и Русија

Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување

Ким со возт патува кон Пекинг