Утрински Весник
Свет

Анкета: 79 отсто од Русите ги одобруваат активностите на Путин

Анкета: 79 отсто од Русите ги одобруваат активностите на Путин

Огромно мнозинство Руси, 79 отсто, ги одобруваат активностите на претседателот Владимир Путин, а речиси 81 отсто му веруваат, покажуваат резултатите од анкетата спроведена денеска од Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ).

На прашањето дали ги одобруваат или не активностите на претседателот, 79 отсто од испитаниците одговориле дека ги одобруваат, а 13,5 отсто не ги одобруваат.

На Путин му веруваат 81 отсто од испитаниците, а 15,4 отсто од нив изразиле недоверба кон лидерот на Русија, пренесува „РИА новости“.

Можете да прочитате

САД воведоа нови царини кон 60 држави

Нетанјаху: Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде „историско“

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море