Утрински Весник
Свет

Лавров: Напредок во преговорите, Москва го подготвува својот одговор на украинските предлози

Лавров: Напредок во преговорите, Москва го подготвува својот одговор на украинските предлози
Dik 300x250 mk

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека е постигнат одреден напредок во мировните преговори со Украина и дека Москва го подготвува својот одговор на предлозите на Украина претставени на последната рунда преговори.

По средбата во Њу Делхи со неговиот индиски колега, Лавров изјави дека нема конечно одобрени планови за преговори со Украина, но дека тие мора да продолжат, пренесува Интерфакс.

– Подготвуваме одговор. Има напредок, особено кога станува збор за признавање на неможноста Украина да биде блок-земја, неможноста Украина да бара среќа во Северноатлантската алијанса, ненуклеарен, не-блок неутрален статус – ова е она што сега се признава како апсолутен неопходност – рече Лавров.

Според него, Украина покажува разбирање за реалноста кога се во прашање Крим и Донбас.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот