Утрински Весник
Магазин

Канје Вест потроши 275.000 долари за чанта за новата девојка

Канје Вест потроши 275.000 долари за чанта за новата девојка

Кога станува збор за подароци на жените во неговиот живот, Канје (Је) Вест секогаш дава импресивен подарок: претерано скапи чанти.

Овој пат раперот се надмина кога ѝ подари на Чејни Џонс – девојката со која е во романса последниве неколку недели – многу ретка чанта Hermès Birkin.

Канје Вест ги шири љубовта и ‘биркините’, коментираат таблоидите цитирајќи извор кој за „Ентертејнмент тунајт“ откри дека Вест купил исклучително ретка верзија од линијата „Биркин“ за 24-годишната манекенка Чејни за 275.000 долари.

Чантата е од сребрена металик боја од Chèvre-кожа со традиционално затворање од паладиум и ѝ била доставена на Чејни во Хјустон, Тексас, во вторникот вечерта, според изворот, кој додава: „Канје гледаше како Чејни го добива подарокот преку ‘Фејс-тајм’“.

Мишел Берк, извршен директор на Privé Porter, изјави за „Пејџ сикс“: „Ова е модел во ограничено издание од 2004 година. Други славни сопственици на оваа чанта се Џефри Стар и Бела Хадид. Таа е една од најпосакуваните и најбарани ‘биркини’ во светот. Побарувачката е поради убавината и уникатноста на чантата, како и лимитираното производство. Тимот на Канје беше дециден дека ја сака токму таа“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста