Утрински Весник
Магазин

Гери Олдмен предводи тим отфрлени шпиони во нова трилер серија

Гери Олдмен предводи тим отфрлени шпиони во нова трилер серија

Трилер серијата на „Епл ТВ плус“, Slow Horses („Бавни коњи“) нуди помалку гламурозен поглед на британските тајни служби, фокусирајќи се на група несоодветни шпиони на MI5.

Во серијата, адаптација на шпионски роман, глуми оскаровецот Гери Олдмен во улога на Џексон Лемб, брзоумен, но и невоспитан шеф на тим разузнавачи кои се префрлени во административен оддел, т.н. чистилиште за одбиени агенти, откако направиле јавни грешки, како што е оставање доверливи документи во воз или спиење со сопруга на амбасадор.

Меѓу нив е и Ривер Картрајт (Џек Лоуден), внук на пензиониран агент (Џонатан Прајс), кој неодамна компромитирал тренинг-мисија од висок профил.

Заснована на првиот роман на Мик Херон во серијалот книги Slough House, серијата од шест епизоди следи пропаднати шпиони кои извршуваат монотони секојдневни задачи и избегнуваат понуди за „афтерворк“ пијалок.

„Тоа е лик сместен во канцеларија… нема ништо заедничко со фантастичниот свет на Џејмс Бонд“, вели Олдмен.

„Во својата суштина, ова е еден вид канцелариска драма на работно место што се случува во светот на шпионажата.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста