Утрински Весник
Свет

Украинскиот амбасадор во Јапонија: Очекуваме најсовремена воена опрема од Америка и Британија

Украинскиот амбасадор во Јапонија: Очекуваме најсовремена воена опрема од Америка и Британија

Украина наскоро ќе може подобро да го заштити своето небо и градови од руските напади, бидејќи очекува да добие најсовремена воена опрема од САД и Велика Британија, изјави денеска украинскиот амбасадор во Јапонија Серхиј Корсунски.

„Тие се уште се супериорни во авијацијата, авионите и ракетите и очекуваме да добиеме најсовремена опрема од САД и Велика Британија за да го заштитиме нашето небо и нашите градови“, рече Корсунски на прес-конференција.

Тој изјави дека кога руските сили истрелуваат крстосувачки ракети од голема далечина, украинските сили не можат да стигнат до местото на лансирање, пренесува Ројтерс, а пренесува Танјуг.

– Мораме да ги пресретнеме. Затоа ни е потребна оваа современа опрема – изјави Корсунски.

Можете да прочитате

Во 2026 повторно ќе се плаќа такса за посета на Венеција

Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади

Марта Кос ги оцени инцидентите на локалните избори во Србија