Утрински Весник
Свет

Хорор во Прага – студент со мачета убил професор

Хорор во Прага – студент со мачета убил професор

Чешката полиција уапси ученик осомничен дека со мачета убил наставник во средно училиште во Прага, соопштија денеска локалните власти.

Осомничениот, кој одел на училиште, бил приведен по потера во која учествувале неколку стотици полицајци, навела полицијата, пренесува „Вашингтон пост“.

– Студентот околу пладне со мачета го нападнал професорот. За жал, професорот од здобиените повреди починал на местото на несреќата – истакнаа од полицијата.

Министерот за образование Петр Газдик рече дека инцидентот најверојатно е резултат на конфликт меѓу наставниците и учениците што се случил претходниот ден, а повеќе детали не се познати.

– Вакво нешто не требаше да се случи – изјави Газдик.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина