Утрински Весник
Политички Партии

Партијата на Грчева не ги признава резултатите од пописот

Партијата на Грчева не ги признава резултатите од пописот

Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот, кои беа лесно предвидливи, вели претседателката на партијата, Солза Грчева, според која државата ја води анти-македонска власт.

„Уште еднаш оваа Влада покажа дека не е во состојба да направи ниту статистичка операција без крајно политизирање“, нагласува Грчева.

„Прво, како да се верува во попис чии резултати се објавуваат со фанфари пред целиот политички врв, во присуство на заинтересираните амбасадори? Тоа е ‘обична статистичка операција’, или повторно трговија со нашите интереси?

Второ, како да се верува во попис каде бројот на вкупното резидентно попишано населенеие соодветствува на бројот во избирачкиот список? Немаме малолетни лица без право на глас?

Трето и најважно, албанските партии кои се сега презадоволни од резултатите, уште пред пописот лицитираа со проценти и јавно ги кажуваа своите желби, па така некои од нив јавно декларираа дека нема да ги признаат резултатите ако се Албанците под 25%, 30% итн. Со тоа процесот беше веќе компромитиран однапред. Таквата недоверба натера бројно население да не верува во методологијата, која за многу стручни луѓе беше спорна“, се наведува во соопштението од лидерката на Глас за Македонија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт