Утрински Весник
Спорт

Ограбен домот на српскиот голман Рајковиќ

Ограбен домот на српскиот голман Рајковиќ

Голманот на фудбалската репрезентација на Србија, Предраг Рајковиќ, доживеал шок кога се врати во Франција. Рајковиќ изминатите денови со српскиот национален тим играше контролни натпревари со Унгарија и Данска.

По враќањето во Ремс, открил дека бил ограбен. Крадците од неговиот стан однеле буквално се. „Телеграф“ објави дека кога влегол во станов внатре затекнал само голи ѕидови.

Крадците покрај гардеробата, накитот го однеле и мебелот.

Во текот на грабежот во станот немало никој, бидејќи сопругата на голманот, била во Србија.

Ова не е прв пат крадци да влезат во станот на Рајковиќ. Пред две години крадците однеле часовници и накит во вредност од 100.000 евра.

> Ограбен домот на српскиот голман Рајковиќ <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал