Утрински Весник
Македонија

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, уште од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој попладне ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Од денеска до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Денес на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час). Особено нестабилно ќе биде во петок кога ќе има појава на локално невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град. Од недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, во недела на повисоките планини на запад од снег.

Можете да прочитате

Претседателот на РКЕ, Бислимоски поднел оставка

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на договори

Левица: Власта со нов закон го силува правото и ја продолжува легализацијата на дивоградби