Утрински Весник
Спорт

Египет остана без селектор – Кеирош поднесе оставка

Египет остана без селектор – Кеирош поднесе оставка

Португалецот Карлос Кеирош повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Египет. Португалецот си поднел оставка по неуспехот во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар.

Египет, во баражот, на пенали загуби од Сенегал. Првиот меч им припадна на „фараоните“ со 1:0, а реваншот со ист резултат го доби Сенегал. Пенал серијата со 3.1 им припадна на Сенегалците.

Два месеци претходно, Египет од Сенегал го загуби финалето на Африканскиот куп.

Кеирош има 69 години, селектор на Египе стана минатата година, кога ја презеде функцијата од Хосам ел Бадри.

Во кариерата бил селектор на Португалија и Колумбија, бил тренер и на Реал Мадрид.

> Египет остана без селектор – Кеирош поднесе оставка <

Можете да прочитате

ФИФА го избра американски судија Елфат за полуфиналето Англија – Аргентина

Масовен пречек на норвешките фудбалери во Осло

Франција или Шпанија – кој прв ќе стигне до финалето на Светското првенство