Утрински Весник
Магазин

(Видео) Фил Колинс на проштален концерт: Ќе морам да најдам нова работа

(Видео) Фил Колинс на проштален концерт: Ќе морам да најдам нова работа

Британскиот пејач и тапанар Фил Колинс (71) во неделата во Лондон го одржа својот последен концерт за музичко збогување со публиката.

Популарниот музичар настапи со Мајк Радерфорд и Тони Бенкс, колеги од бендот „Џенезис“.

Изнемоштениот Колинс го помина целиот настап седејќи на стол. Збогувањето со публиката беше емотивно, но и духовито, во еден момент додаде дека по музичкото пензионирање ќе мора да бара друга работа.

Концертот се одржа во рамките на турнејата The Last Domino, која е закажана по пауза од 14 години.

Бендот Genesis е основан во 1967 година, а светската слава ја стекна во 1970-тите. Но, Колинс имаше и завидна соло кариера во 1980-тите и 1990-тите.

Некои од неговите најпознати песни се In the Air Tonight, One More Night, Another Day in Paradise и Do You Remember, и, секако, Against all Odds.

Фил Колинс – Against all Odds („Лајф еид“ 1985 година)

Можете да прочитате

Сендвич за појадок или за ручек, Wolt ги открива интересните навики на Македонците

Ултразвучни бранови може да намалат нарушени размислувања кај лицата со шизофренија и шизоафективно растројство

Шкотски музеи ги отстрануваат мумиите бидејќи „покојните не дале согласност“ да бидат изложени